Помеѓу многуте опасности кои демнат во морињата и океаните, една која ни најмалку не е наивна постојано се “крие” позади интересениот изглед.
Преубавите форми кои всушност се бранови кои се среќаваат под агол и прават водата да изгледа како да е составена од квадрати, можат да бидат доста опасни.
Имено, иако таканаречените бранови во форма на квадрат изгледаат преубаво, она што се случува под површината е помалку убаво од колку што изгледа и може да доведе до многу несреќни случаи.
Овој природен феномен, кој најчесто може да се види во Нов Зеланд и Франција, настанува така што два бранови се среќаваат под агол кој е поголем од 45 степени, а експертите напоменуваат дека дури и влез во плиткиот дел од водата може да биде кобен. Затоа, доколку забележите вакви бранови, најдобро само да уживате во погледот и никако да не одите на капење.