Осум уникатни библиотеки ширум светот

1. Библиотеката во Санкт Гален, Швајцарија (Convent of St Gall)

Уникатните ракописи од IX век и првиот архитектонски план на пергаментот се само некои од книжевните богатства кои се чуваат во оваа библиотека, стара 1.200 години, која е направена во барокен стил.

2. Библиотеката Ел Каравијин (Мароко)

Една од најстарите библиотеки Ел-Каравијин во Фес била основана од жена Фатима ал-Фихријат во 859 година. Архитектката Азиза Кауни ја реновираше внатрешноста на овој простор во 2016 година, кој сега вклучува и мозаици, соларни панели и кафулиња, покрај големото богатство од книги.

3. Универзитетската библиотека Бодлеан (Велика Британија)

Една од најстарите библиотеки во Европа содржи повеќе од 11 милиони ракописи, меѓу кои и Првото фолио на Шекспир, Вернон и Бакшали ракопис , со најраниот приказ на симболот нула.

4. Конгресната библиотека (САД)

Конгресната библиотека во Вашингтон е националната библиотека на САД и е една од најголемите во светот (во својата колекција содржи најголема збирка на ретки книги во Северна Америка, повеќе од 29 милиони каталогизирани книги, повеќе од 58 милиони ракописи). Во оваа библиотека, исто така, можете да уживате во тематски пешачки тури и на тој начин ќе го доживеете богатството што го чува ова место.

5. Библиотеката на сликовници (Јапонија)

Секое дете може да избере своја омилена сликовница и да ужива во еден од многуте слатки катчиња во оваа библиотека во Ивака, која е позната и како Музеј на сликовници.

6. Брод-бибилотеката Епос (Норвешка)

Почнувајќи од 1959 година, брод-библиотека Епос долга 25 метри на секоја година ги обиколува фјордовите и носи 6.000 книги кои се разменуваат со 150 различни градови на западниот брег на Норвешка.

7. Библиотеката во Александрија (Египет)

Александриската библиотека во Египет, која е основана во 3 век пред. н.е., била најголема античка библиотека, но за жал била уништена. Пред 15 години во чест на старата Александриска библиотека подигнато е модерно здание со 11 ката, која наликува на огромен соларен диск. Во склоп на оваа библиотека е и најголемата јавна читална на светот, како и специјализирани детски соби за читање, музејот според антички модел и Нобелова соба.

8. Градска библиотека во Штутгарт (Германија)

Новата градска библиотека во Штутгарт е единствена во секоја смисла, а вниманието на прв поглед го привлекува со необична фасада од лесен бетон и стакло. Внатрешноста обилува со бела боја и модерни решенија.

Поддржете ја нашата работа: