Пронајдена нова пештера со свитоци од Мртвите море

Свитоците од Мртвото Море се древни еврејски манускрипти, од кои повеќето се напишани на хебрејски, некои на арамејски, а неколку на грчки јазик. Многу од овие свитоци и фрагменти се стари повеќе од 2.000 години, и датираат од пред раѓањето на Исус.

Меѓу првите свитоци добиени од Бедуините имало седум долги манускрипти во различни фази на распаѓање. Откако биле пребарани повеќе пештери, биле пронајдени други свитоци и илјадници фрагменти. Во периодот меѓу 1947 и 1956 година во близината на Кумран, крај Мртвото Море, биле откриени вкупно 11 пештери во кои имало свитоци.

Пред повеќе од 50 години, каменот што го фрлил еден бедуински пастир во една пештера водел до она што некои го нарекуваат најголемо археолошко откритие на 20 век. Бедуинот слушнал како каменот паѓајќи скршил еден земјен ќуп и направил дупка во него. Откако го испитал, го пронашол првиот од она што станало познато како Свитоците од Мртвото море.

Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, во четвртокот го објави откритието на новата пештера во која се наоѓаат ракописи од Мртвото море, кое е едно од најважното откритие поврзано со тој прочуен пишан материјал после нивното откривање пред шеесетина години.

“Откривањето на 12-те пештери може целосно да го промени нашето познавање на ракописи од Мртвото Море”, вели Орен Гатфилд, археолог од Институтот за археологија при хебрејскиот Универзитет во Ерусалим, одговорен за ископувањето.

“Сместена западно од Кумран на западниот брег, пештерата не содржи ракописи, туку бројни докази за нивното некогашно присуство, посебно делови од керамички садови во кои се положени и кожни ремени во кои се замотани”, додава Гатфилд.

5f725bc4-34b6-39a3-a99f-1061ecbf2180

Поддржете ја нашата работа: