Светот има само три години да спречи глобална катастрофа

На фотографијата е прикажана Алјаска во август 1941ва и август 2004та.

Планетата Земја, уништена поради климатски промени не е потенцијално сценарио на далечната иднина, туку реалност на утрешницата, а некои последици ги чувствуваме и денес, предупредува група од шест еминентни научници кои напишаа отворено писмо, говорејќи дека времето за делување истекува премногу брзо.

Меѓу научниците се наоѓа и некогашната водителка на одделот за климатски промени на ОН, Кристина Фигуерес, како и физичарот Стефан Рахмсторф, а напишале дека, доколку глобалните емисии на гасови трајно не се намалат до 2020та година, температурите ширум светот најверојатно ќе достигнат високо ниво, пренесува Business Insider.

Тие истакнуваат дека од 1880та година, температурата во просек се зголемила за еден степен Целзиусов, но тоа е само почеток.

Светските лидери и политичари треба да се водат по научните факти, а не како што прават, бидејќи ова утре ќе биде свет на нивните деца и внуци. Колку финансиски средства и да имаат тогаш, ништо нема да им помогне – се вели во писмото.

Тие наведуваат и дека целиот систем веќе почна да колабира, ледот на Арктикот сосема сигурно исчезнува, додека коралните гребени умираат од топлина.

Доколку моменталната количина на емисии од гасови продолжи, светот ќе ја пробие границата поставена на Парискиот договор за 1,5 до 2 степени во период од 4 до 26 години.

Планот на научниците вклучува пет цели кои треба да се реализираат до 2020та година, доколку се мисли да се направи нешто за да не гледаме како целиот свет изумира:

– Зголемување на изворите за обновлива енергија за 30 проценти од потрошувачката на електрична енергија;

– Да се изработат нацрти и планови со кои ќе се отфрлат фосилните горива од корен до 2050та година, со финансии од 300 милијарди долари годишно;

– 15 проценти од новите продадени возила да бидат електрични;

– Да се престане со сечење на шумите;

– Да се поттикне јавниот сектор да издаде повеќе “зелени обврзници” во согласност со напорите за ублажување на климатските промени.

Погледнете го видеото за да разберете како ќе изгледа светот доколку се стопи ледот:

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.