Откопана портата од градот на Голијат

Градот, наречен Гет, бил окупиран до деветтиот век п.н.е. Во библијата се вели дека Филистејците, смртни непријатели на Израелците, владееле со градот. Стариот Завет, исто така, го опишува Гет како дом на Голијат.

Новите откритија покажуваат колку всушност е импресивен античкиот град на Филистејците, вели главниот археолог на сегашното ископување.

„Знаевме дека Филистејскиот Гет од 10 до 9 век п.н.е. бил еден голем град, можеби најголем во земјата, во тоа време. Овие монументални ископини ја нагласуваат неговата моќ“, вели Арен Меир од Универзитетот Бар-Илан во Израел.

Портите биле откриени во Тел ес-Сафи, кој беше окупиран речиси постојано во период од речиси 5.000 години, се до 1948 година.

Историскиот град Гет бил управуван од Филистејците и се наоѓал во близина на еврејските царства на Јуда и Израел. Повеќето научници сметаат дека Гет бил под опсада од кралот Азаел на Арам Дамаск, во 830 година п.н.е.

Досега, само горната површина на објектот е видлива, но врз основа на големината и обликот на користените камења, ѕидовите на градот мора да биле доста големи. Цврстите утврдувања формирале една прилично импозантна граница која спречила проширување на Јудиното царство кон запад.

Тимот пронашол челичарници и Филистејски храм во близина на монументалната порта, како и други керамички предмети поврзани со Филистејската култура. Иако керамиката го отсликува Филистејскиот стил, исто така, покажува елементи на израелската техника, што укажува дека културите се поврзани и на други начини, освен војната.

„Ова е одраз на интензивни и повеќеслојни врски кои постоеле помеѓу Филистејците и нивните соседи”, вели Меир. Иако Филистејците често важат за апсолутни непријатели на Израелците и Jудаитите,  реалноста е многу покомплексна.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt