Откриен гроб на фараон во еден од најстарите градови на антички Египет

СПОДЕЛИ

Западно од реката Нил, во еден од најпознатите антички локалитети во Египет, археолозите открија кралска гробница на брод, која сметаат дека припаѓала на фараонот Сенусрет III – еден од најмоќните владетели на Египетското Средно Кралство.

Сенусрет III е поврзан со овој гроб на бродови бидејќи неговиот гроб е пронајден во близина и датира од исто време.

Според истражувачите, гробот на бродови е околу 65 метри источно од влезот на погребалниот комплекс на фараонот, и се карактеризира со тули идентични по големина и состав како оние во ѕидовите на комплексот на Сенусрет III.

iii

Оваа 3.800 години стара кралска комора располага со флота од 120 антички бродови изгравирани во внатрешните ѕидови и содржи остатоци од дрвен брод – што е доказ дека древната практика на закопување бродови во близина на кралското семејство се΄ уште била застапена во 1840 – тата година п.н.е.

„Бевме прилично зачудени. Очекувавме дека тоа ќе биде гроб“ – вели главниот археолог Јозеф Вегнер од Универзитетот во Пенсилванија.

Големата подземна сала, која некогаш била 21 метар долга и 4 метри широка, за прв пат била забележана под античкиот град Абидос уште во 1901-вата година, кога археолозите забележале покрив кој ѕирка надвор од песокот. Но, кога покривот се урнал за време на ископувањето, овој проект бил напуштен – се досега.

Вегнер и неговиот тим ги поминале последниве 2 години спасувајќи ги урнатините, заедно со склад на повеќе од 100 керамички садови само од надвор. Садовите се тегли за складирање на течност, кои најверојатно се користеле за чување и транспорт на различни течности.

Од особен интерес се оние гравирања на бродови на ѕидот – 120 од нив преживеале речиси четири милениуми под земја, додека многу од нив избледеле. Исто така, и слики од добиток, газели и флорален дизајн се повремено застапени помеѓу бродовите.

Со тоа што некои од бродовите се протегале на речиси 1,5 метри височина на малтерисаните ѕидови, јасно може да се забележат и јарболите, едрата, опремата, кабините, кормилата, веслата, па дури во некои случаи и веслачите.

Сепак, не е јасно дали прикажаните бродови се наменети да ја претставуваат сопствената флота на фараонот, или пак можеби само египетските бродови, и во оваа фаза, не постои начин за да се знае кој е одговорен за нивното резбање во ѕидот, но сепак, дава пример за долагата традиција на погребување на бродови во близина на кралските погребни комплекси.

Додека голем број на прашања остануваат неодговорени во врска со целта на овие слики, сепак она што е уникатно е што толку многу бродови се прикажани заедно на едно место – велат истражувачите.

Погледнете како изгледаат керамичките садови од надвор:

1

А вака изгледа внатрешноста на комората:

2

Вака изгледаат гравираните бродови подетално:

3

Ова истражување е објавено во „International Journal of Nautical Archaeology“.

Дискусија

Коментари