Еднаш или два пати во текот на животот, просечен човек може да доживее некаква незгода, но кога поголемиот дел од античките статуи имаат скршен нос, тоа сигурно не е од незгода. Јасно е дека тоа е направено намерно – но, зошто?
Едвард Блејберг, куратор на египетските уметнички галерии во музејот во Бруклин, признава дека овој факт е нешто што самиот тој го земал “здраво за готово”, се додека мноштво посетители на музејот не почнале да прашуваат зошто всушност скоро секоја античка статуа има скршен нос?
Претпоставувајќи дека е случајно, тој одлучил да ја преиспита суштината. Резултатот, се темелел на претходно истражување за обезглавување и задгробен живот, кој се презентира на изложбата наречена “Неверојатна моќ: иконоклазам во антички Египет”.
“Конзистентноста на шемите каде се пронајдени штети на скулптури, сугерира дека тоа е направено намерно” – вели Блејберг. Не само статуи се искршени, туку и 2Д релјефите покажуваат доказ за намерно оштетување.
Блејберг тврди дека тоа произлегува од фактот дека античките Египќани вистински верувале дека иконите ги содржеле душите на покојникот или суштината на Боговите.
Како резултат на тоа, статуи, релјефи и други слики стојат како еден вид портал меѓу светот на живиот и натприродниот свет на боговите и мртвите – ритуалот ќе ја активира статуата, така што ќе стане опседнат со духот на нејзината милост.
Старите Египќани верувале дека потомците на покојникот дури и можат да го нахранат, така што ќе му однесат на гробот храна.
Така, покојникот без уши не може да слуша, без раце не може да земе ништо од тоа што му се нуди, а без нос не може да дише. Верувале дека со кршење на носот на статуата ќе го убијат духот кој таа го носи.
Антички Египет има долга историја на оштетување на човечките слики. Во праисторијата, на пример, мумиите биле намерно оштетени. Подоцна, со доаѓањето на христијанството, скулптурите, релјефите и другите икони на древни египетски божества биле вандализирани за да се спречат “паганските” демони да воскреснат.