Научниците неодамна открија две новоформирани планети кои орбитираат екстремно блиску до своите млади ѕвезди. Овие планети се едни од најмладите планети откриени досега.
Едната од нив е со големина на Нептун, стара само 11 милиони години и орбитира околу ѕвезда која се наоѓа на оддалеченост од околу 470 светлосни години. Другата е со големина на Јупитер, стара едвај 2 милиони години и орбитира околу ѕвезда оддалечена околу 430 светлосни години.
Во човечки години тоа можеби ви изгледа прилично антички, но на скалата на Универзумот тоа значи дека овие планети може да се родиле пред само неколку месеци.
Покрај својата возраст, овие планети се посебни поради тоа што и двете се џиновски планети кои орбитираат премногу блиску до својата ѕвезда-домаќин – толку блиску што им се потребни само околу 5 дена за да ја исполнат својата орбита.
Зошто егзопланетите орбитираат многу поблиску до своите ѕвезди отколку планетите во нашиот сончев систем се’ уште претставува мистерија за научниците. Откривањето на вакви големи планети кои орбитираат толку блиску до своите ѕвезди може да помогне во решавањето на таа мистерија.
Ѕвездите се откриени од страна на два различни тима на астрономи. Едното истражување е објавено во „Nature“, а другото е прифатено за објавување во „Astronomical Journal.“.