Еден кафе-бар во Шкотска реши на своите клиенти да им понуди леден десерт за кој сметаат дека е најопасниот на светот!
Ако некој сака да го проба, мора да има 18 години. Но, дури и да го помине тестот на возраста, мора да потпише изјава дека произведувачот и продавачот ги ослободувате од секаква одговорност ако нешто тргне „наопаку“.
Со потпишување на документот, дегустаторот прифаќа ризик од телесни повреди, болести, па и можна смрт.
Сопственик на рецептот за сладоледот „ѓаволски здив“, тврди дека пенестиот црвен десерт е 500 пати полут од најлутиот табаско сос.
Интересно е што при подготовката на сладоледот персоналот мора да носи заштитни ракавици. Иако не е познато што сè се наоѓа во него, сопствениците на рецептот уверуваат дека тој потекнува од далечната 1936 година. Ледениот десерт е зачинет со компонента наречена – капсицин, која е една од главните компоненти во лутите пиперки.
Ако сте еден од оние на кои не им е јасно зошто некој би се нафатил да поднесе толку јака болка, не сте сами. Неодамна објавената студија сугерира дека мажите кои јадат лута храна имаат поголемо ниво на тестостерон.
Инаку, цената на сладоледот не ја надминува вообичаената сума на еден од „обичните“ сладоледи.