Сладолед како терапија против мамурлак?

На пазарот во Јужна Кореа се појави сладолед кој “лекува” мамурлак. Станува збор за една тамошна компанија која произведе сендвич-сладолед, наречен Gyeondyo кој целосно ги елиминира симптомите на мамурлак.

„Gyeondyo“ во превод значи „издржи“, а сладоледот е со вкус на грејпфрут и содржи помала количина на овошен сок од бонбон дрвото кое има плод како грозје, а кое Корејците го користат за лекување мамурлак веќе стотици години.

Надлежните од Withme FS – компанијата која го произведува сладоледот вели дека производот им помага на вработените кои работат во смени полесно да станат наутро после долгата втора смена.

Доколку ова ви звучи премногу добро за да биде вистинито, треба да се напомене дека тука не станува збор само за добар маркетиншки трик. Постојат цврсти докази кои стојат на страна на сладоледот и фактот дека неговите својства се навистина делотворни.

Резултатите од истражувањето и фактот дека екстрактот од дрвото бонбон навистина го намалува степенот на интоксикација кај глувци, се објавени во списанието Journal of Neuroscience.

Добро е да се знае дека Јужна Кореја има најголема стапка на конзумација на алкохол по глава на жител во цела Азија и дека просечниот Јужнокореец пие 12,3 литри алкохол годишно. Жителите на Јужна Кореја, годишно трошат околу 126 милиони долари на лекови против мамурлак.

Засега сеуште производот не можете да го најдете на друго место освен во Кореја.

 

 

Поддржете ја нашата работа: