Некои од најбогатите животни на светот ги наследиле своите пари, додека другите ги заработиле по пат на маркетинг или глума. Ви ги претставуваме десетте најбогати животни во светската историја.
Познато е и дека врската помеѓу животните и човекот се појавила долго пред настанокот на капитализмот,но тоа не ги спречило некои од најбогатите луѓе на светот да ги помешаат овие две работи и да им остават неверојатно многу пари во наследство на своите миленици. Тоа значи дека на светот постојат кучиња и мачки кои имаат толку пари, колку што просечен човек не може да заработи ни за цел живот.
Gunther IV
Gunther IV е втора генерација на милионерско куче и моментално е најбогатото животно на светот. Неговиот татко, Gunther III, наследил 80 милиони долари од германската грофица Шарлот Лебенштајн. Истите пари тој ги оставил на својот син, чии старатели вложиле богатство до точка каде Gunther IV вреди околу 400 милиони долари. Ова куче поседува вили ширум светот, јаде кавијар секојдневно и има своја лична куќна помошничка.
Grumpy Cat
Оваа мачка најверојатно е најпознатото животно на планетата, благодарение на едно од најбараните мемиња на интернет, базирано исклучиво на нејзиниот траен изглед на незадоволство. Покрај социјалните медиуми, исто така игра главна улога во филмот “Најлошиот Божиќен ден на лутата мачка”. Иако нејзината цена често се наведува како 100 милиони долари, нејзиниот сопственик вели дека тоа не е сосема точно. Сепак, дефинитивно поседува милиони.
Olivia Benson
Можеби го дели истото име со ликот од серијата “Закон и ред” позади кој стои Маришка Харгитеј, но не и дека оваа мачка седи и не заработува. Оливиа има огромна присутност на социјалните мрежи, а глумела и во неколку реклами. Нејзиното богатство се проценува на 97 милиони долари.
Blackie
Блеки некогаш се наоѓаше на врвот на оваа листа, бидејќи некогаш беше најбогатиот мачор на светот. Неговото богатство од 12,5 милиони долари е дојдено исклучиво од наследство. Тој е последниот преживеан миленик на Бена Реа, мултимилионерот кој бил доволно оттуѓен од своето семејство за цело негово богатство да му го остави на Блеки.
Tommaso
Мариа Асунта, доста богата италијанка, му оставила 13 милиони долари во наследство на својот мачор Томасо. Богатството не било само во готовина. Овој мачор после смртта на својата сопственичка, станал сопственик на неколку дворци, вили и куќи ширум Италија.
Gigoo
Пилето Гигу, кое најпрво припаѓало на Мајлс Блеквел, покојниот британски издавач, лежи на златни јајца вредни 15 милиони долари. Блеквел го отстапил својот бизнис и се повлекол на село само три недели пред да почине, што значи дека бил посредник помеѓу сега кокошката Гигу и нејзиното богатство.
Кучињата на Опра Винфри
Лук, Лејла, Седи, Сани и Лорен се кучињата на Опра Винфри и како нејзина сопственост тие имаат осигурано наследство. Опра веќе оставила тестамент каде им остава 30 милиони долари на своите кучиња после нејзината смрт.
Conchita
Покојната сопственичка Геил Поснер на својата чивава Кончита и оставила значајно богатство од 8,4 милиони долари, вклучувајќи и плажа во Мајами.
Choupette
Чупете е мачката на модната икона Карл Лагрфилд. Оваа мачка која освен други животни, мрази и деца минатата година се здоби со сума од 3,3 милиони долари за само две реклами. Нејзиниот сопственик вели дека Чупете единствено се гали само со него и нејзината помошничка.
Toby Rimes
Тоби, пудлицата чија што сопственост беше на Ела Вендел, имаше богатство вредно 40 милиони долари.