Според новата студија, кафеавиот лабрадор живее пократко и е повеќе подложен на болести на кожата и ушите за разлика од неговите црни и жолти роднини.
Една меѓународна група од истражувачи, испитала податоци земени од 2000 лабрадори кои живееле на територијата на Велика Британија во 2013 година. Податоците се собрни како дел од истражувачкиот проект VetCompass, кој заеднички е воден од срана на Универзитетот во Сиднеј и Кралскиот ветеринарен колеџ, Универзитетот во Лондон.
Истражувачите откриле повеќе болести на кожата и ушите кај кафеавиот лабрадор за разлика од другите лабрадори.
На пример, со вообичаената инфекција на кожата кај кучињата, наречена pyotraumatic dermatitis била двојно повеќе опфатена површина кај кафеавиот лабрадор за разлика од останатите лабрадори. Исто така и воспаленијата на ушите биле почести кај овие лабрадори.
Истражувачите исто така откриле дека лабрадорите со чоколадна боја на крзно живеат пократко. Жолтите и црните лабрадори живеат во просек околу 12 години во Велика Британија, каде што кучињата со чоколадни бои живеат во просек од 10,7 години, што е пад за повеќе од 10 проценти.
Научниците велат дека врската помеѓу бојата на крзното и здравјето на кучињата и натаму е непозната.