Пред повеќе од три недели само што се појави најновиот истражувачки труд во „Journal of gastroenterology and hepatology” за кој заслужни се од кинескиот универзитет во Хонг Конг, Институтот за дигестивна болест и Одделот за медицина и терапевтска технологија веднаш го обработив на македонски јазик и го објавив на enauka.mk со културен наслов „Корона вирусот се шири и во гастроинтестиналниот тракт“ сепак го реобјавувам бидејќи сметам дека јавноста е недоволно запознаена со истиот.
Ова истражување сметам дека е многу битно за целата македонска јавност а најповеќе за стручната бидејќи укажува на можноста да се пуштаат дома сеуште заразни пациенти и на тоа дека манифестацијата на „ COVID-19 “ немора да биде проблем со белите дробови, кашлица , температура туку постои можност да манифестира симптоми слични на класична болест предизвикана од стомачен вирус.
Овие нови сознанија би требало да доведат до разгледување на повеќе постоечки клинички политики и протоколи при што потребно е воведување на протокол за задолжително тестирање на ректален брис пред да се прогласат пациентите за комплетно излечени
Според новото истражување , SARS-CoV-2 може активно да го инфицира гастроинтестиналниот тракт при што таму продолжува да се реплицира и развива.
Пациентите заразени со новиот вирус SARS-CoV-2 обично развиваат Корона-вирусна болест 2019 (COVID-19) и обично имаат треска и респираторни симптоми, сепак кај некои пациенти има и гастроинтестинални манифестации со дијареја, повраќање и болки во стомакот.
Повеќе други студии направени во Кина, идентификувале SARS-CoV-2 РНК во повеќе анални/ректални брисеви и примероци од столицата на пациенти со „COVID-19“ дури и по клиренсот на вирусот во горниот респираторен тракт.
Понатаму, откриено е присуство на вирусниот рецептор „angiotensin converting enzyme 2 (ACE2)“ и истиот е изразен во гастроинтестинални епителни клетки.
Сите овие наоди сугерираат дека SARS-CoV-2 може активно да инфицира и да се реплицира во гастроинтестиналниот тракт и дека овие информации имаат важни импликации врз новите стратегии за управување со болеста како и за развој на подобри протоколи за ширење и контрола на инфекцијата.
Појавување на дијареја и други гастроинтестинални манифестации се наоѓаат кај сите инфекции на коронавирус. Иако со пониска фреквенција, споредено со САРС и МЕРС, оваа манифестација кај „COVID-19“ е веројатно заради можниот тропизам на SARS-CoV-2 до гастроинтестиналниот тракт, тврдење засновано врз истражувачки трудови работени врз САРС и МЕРС.
SARS-CoV РНК може лесно да се открие во примероци од столица на пациенти со САРС, а со помош на електронската микроскопија на примероците од биопсија и обдукција на пациентите можело да се видат активни вирусни репликации и во тенкото и во дебелото црево. Оваа ентерична инфекција се јавува и кај MERS-CoV вирусот, бидејќи човечките цревни епителни клетки се многу подложни на корона вирусите и истите може да поддржат робусна репликација на вируси.
Тропизмот на SARS-CoV-2 кон гастроинтестиналниот тракт, неговото рано детектирање во столицата и неговите придружни гастроинтестинални симптоми, имаат важни импликации како за нега на пациентот така и за контрола на инфекцијата.
Клиниките треба да бидат претпазливи за гастроинтестиналната симптоматологија на „COVID-19“, особено затоа што може да се појават пред почетокот на пирексијата и респираторните симптоми.
Овие нови сознанија би требало да доведат до разгледување на повеќе постоечки клинички политики и протоколи при што воведување на протокол за задолжително тестирање на ректален брис пред да се прогласат пациентите за комплетно излечени , најмногу поради тоа што други студии сугерираат дека вирусното пролевање од гастроинтестиналниот тракт може да биде обилно и може да трае многу подолго после резолуцијата на клиничките симптоми.
Можеме само да се молиме дека вирусната динамика на SARS-CoV-2 во гастроинтестиналниот тракт ќе се разликува малку од динамиката на SARS-CoV, каде што вирусната РНК сè уште може да се открие во столицата на САРС пациенти дури и после 30 дена
Ве молам споделете ја информацијата бидејќи од клучно значење е да се запознаат што повеќе луѓе како и нашите институции со цел да излезат со нови препораки и процедури