Пензиониран професор од Велика Британија тврди дека можеби успеал да ја открие локацијата на Камелот, легендарниот замок, во кој според легендите кралот Артур го држел престолот пред околу 1,400 години.
Според Артуровиот експерт за литература, Peteru Fieldu, Камелот постоел на местото на античката римска тврдина Camulodunum во Слак, Западен Јоркшир, Велика Британија, каде кралот Артур се наоѓал на идеална позиција во 500-та година од новата ера.
“Тоа беше сосема случајно. Барав некои мапи, и одеднаш сите коцки се наредија. Мислам дека можеби ја открив 1.400 години старата тајна.” изјави за BBC Филд, пензиониран професор од Универзитетот Бангор во Велика Британија, кој таму предавал од 1964 до 2004 година.
Проф. Филд, минатата недела ги претстави своите наоди во текот на официјалното отворање на Центарот за историја и култура во книгата на Stephen Colclough на Универзитетот Бангор. Неговата хипотеза сеуште не е докажана. Потребно е многу повеќе истражување пред да можеме било што да потврдиме.
Исто така важно е да се спомне дека и покрај повеќе од 1.000 години истражување, историчарите и археолозите не можеле да потврдат дали Камелот и кралот Артур воопшто постоеле надвор од легендата.
Како што е наведено претходно оваа година, објаснува Бек Кроу, “И покрај тоа што овој митолошки лик е доста популарен со векови, никој навистина не може да докаже дека постоел. Но, она што кралот артур го прави доста интересен, е начинот на кој можеме со него да поврзуваме доста интересни историски места и настани.“
Ако претпоставиме дека Камелот навистина постоел, каде би се наоѓал? Претходните истражувања покажале дека би можел да се наоѓа на места како што се Caerleon во Јужен Велс, или Cadbury замокот во Англија. Нажалост до сега никогаш не се најдени доволно докази кои ги врзуваат овие места со легендата.
Професорот спровел дополнителни истражувања за историски наоди од тоа време и ги споредил со легендата. Тврди дека местото кое највеќе одговара е селото Slack. Набљудувајќи го селото денес, многу е тешко да се разбере, зошто било кој би изградил замок на место кое се наоѓа на рамнина, но професорот вели дека локацијата во минатото била од голема воена важност.
Излегува дека ова село, кое наизглед се наоѓа на лоша позиција, би можело да биде идеално место за поставување на камп за брза ротација на војници на двете страни на островот. Додатен податок кој би можел да ја потврди оваа хипотеза е дека во римско време селото било наречено Camulodunum, чиј назив со текот на годините би можел да постане Камелот. И тоа може да објасни, зошто првото спомнување на Камелот се појавува во литературата после многу години по сомнителното владеење на кралот Артур.
“Ако навистина постои кралот Артур, тој живеел околу 500-та година од новата ера, иако прв пат се спомнува во една француска песна во 1180-та година,“ вели Field.
Некои експерти сметаат дека оваа легенда е всушност комбинација од различни британски владетели документирани во една приказна. Досега, Field кој го истражувал селото во последниве 18 месеци не изразил желба за натамошно ископување на теренот.
Можеби неговата хипотеза ќе им помогне на идните истражувачи, на тоа или друго место, за конечно откривање на некои посоодветни податоци со цел да се реши трајната мистерија за кралот Артур.