Статии на Ајнштајн изложени во музеј во Ерусалим

Статиите на Алберт Ајнштајн се изложени во Еврејскиот универзитет во Ерусалим каде високи претставници потврдија дека бил решен мозаик на познатиот научник, откако ливче кое претходно не беше дел од неговите статии случајно беше откриено како дел од купената колекција од истиот универзитет.

 Поголемиот дел од документите се математички пресметки на научните трудови на Ајнштајн во текот на 1940 година. Исто така, има и писма на Ајнштајн кои им ги пишувал на соработниците во кои се третирале низа научни и лични работи, вклучително писмо посветено на синот Ханс Алберт.

Речиси сите документи биле познати за истражувачите во форма на копии, вели Ханош Гутфројд, научен советник на универзитетската архива. Но, целината, чиј дел е последното најдено писмо, не било издадено никогаш.

Според универзитетот, збирот бил обид на Ајнштајн за да ги обедини силите на природата во една единствена теорија, на која работеше последните 30 години од својот живот.

Поддржете ја нашата работа: