Почесто на вага-помалку килограми

Во истражувањето, спроведено од тим на истражувачи од Универзитетот за технологија Темпере во Финска, биле анализирани 2 838 мерењата на тежината од 40 лица со прекумерна тежина (со индекс на телесна маса 25 и повеќе) кои имале за цел да  ослабат. Истражувањето покажало дека губењето на тежина е поврзано со тоа  колку често луѓето се мереле.

„Колку почесто се мерите – толку повеќе тежина губите “, вели водачот на истражувањето Елина Хеландер.

Просечното време што учесниците можеле да го поминат без да се мерат, а да не добијат на тежина било 5,8 дена или околу една недела.
Затоа, ако саката да изгубите тежина, мерете се барем еднаш неделно. Секојдневното мерење пак, ќе ви помогне да останете на вистинскиот пат.

Едно претходно истражување од истиот тим покажало дека тежината природно варира во текот на неделата и дека повеќето луѓе најмалку тежат во среда.
Крајниот заклучок е: ако сакате да ослабете, мерете се секој ден. Ако се мерите еднаш неделно тоа нека биде во среда, зошто тогаш ќе добиете најточни податоци за вашата тежина.


ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt