Почеток на крајот за фосилните горива

Сега, милијардерот Елон Маск,директор на „SpaceX“, „Tesla Motors“ и „SolarCity“ ја претстави последната одбрана. Минатиот четврток, во Калифорнија, тој го претстави свој нов „Powerwall“ – уред за складирање на енергија кој се монтира на ѕид и може да складира до 10 киловат часови електрична енергија, за само 3 500 американски долари, или околу 3 100 евра.

Кога тоа ќе се пренесе во цена на електричната енергија (земајќи ги предвид и трошоците за инсталација и инвертори) би изнесувало околу 500 долари, или околу 440 евра по  kWh, што е помалку од половина од сегашните трошоци, според проценките на „Deutsche Bank“. Кога тоа ќе се пренесе во испорачана енергија излегува околу 5 центи по kWh за домаќинствата, што значи дека домашниот систем за складирање сепак излегува поевтин од енергијата од јаглен преку конвенционалните мрежи.

Маск ќе ги произведува овие батерии во САД, во „гигафабриката“ што ја гради во близина на границата на Калифорнија со Невада. Тој не измислува некоја нова технологија, туку ја користи веќе испробаната и тестирана литиум-јонска батерија (која веќе ја користи за своите електрични возила).

Сега, компаниите за фосилни горива ќе бидат во дефанзива, борејќи се со новите поевтини обновливи извори на електрична енергија и складирање на истата. Системот за енергетика е сеопфатен, вклучувајќи ги и глобалните последици. Вклучува системи за складирање на 10 kWh кои се наменети за домаќинствата, потоа системи за 100 kWh, и склоп од 100 такви уреди за да се овозможи складирање од 10 MWh кое може да се користи во малите електрични мрежи. Цели заедници може да изградат системи за снабдување со енергија околу еден ваков систем за складирање од 10 MWh.

За време на претставувањето на својот производ, Маск истакна дека целата електрична мрежа во САД може да се замени со само 160 милиони од овие батерии за складирање енергија. А две милијарди од нив, можат да овозможат складирање на 20 трилиони kWh- електрична енергија за целиот свет.

Започнува револуција

Светот на обновлива енергија започна да станува новата норма – особено кога ќе се комбинира со ефективното складирање. Маск не е сам. Кина веќе се подготвува да биде светска сила за обновлива енергија, со најголемата база за енергија од ветерот, а од оваа година најверојатно ќе ја има и најголемата база за соларна фотоволтаична енергија, како и најголемиот производствен систем за ветерници и соларни ќелии.

Некои кинески компании веќе произведуваат сопстени единици за складирање на енергија засновани на литиум-јонската технологија и за домашна и за комерцијална употреба – иако не се толку елегантни и евтини како оваа. Но со текот на времето, и тие ќе произведуваат слични и со слична цена- тоа е капиталистичка конкуренција и нејзиното ширење е она што го прави овој нов производ почеток на вистинска револуција на обновливите извори на енергија.

Поддржете ја нашата работа: