Колку ќе издржи најстарата батерија на светот ?

Додека повеќето од нас тешко можат да го поминат денот без да ја наполнат батеријата на својот паметен телефон барем еднаш дневно, батеријата што се наоѓа во Оксфордското електрично ѕвоно работи без престан веќе 176 години.

Како што објаснува Сали Лепаж од „YouTube“ каналот на Том Скот, батеријата била направена во 1825 година, само 25 години откако е измислена модерната батерија во 1800-та година. Оттогаш, батеријата непрекинато работи и не покажува знаци дека наскоро ќе престане.

Вистинска мистерија е што точно се наоѓа во внатрешноста на батеријата. Познато е дека т.н. „суви батерии“ кои се претходница на модерните батерии со „суви келии“, својата долговечност ја постигнуваат преку користење на најмало можно количество на течност што е потребно за да се одржи хемиската реакција која е потребна за создавање на енергија.

180px-Oxford_Electric_BellРастворот и металните плочки што ја сочинуваат батеријата се поставени во две цевки над секое ѕвоно, што го формира завршниот дел батеријата, а напонот помеѓу нив го движи металното клатно помеѓу двете ѕвона.

Кога станува збор за напонот, секој со мало познавање ќе се сложи дека 2КV или 2000 волти напон е огромна цифра за една батерија од пред 200 години.

Единствен начин да се открие што точно има внатре е да се направи „обдукција“ на батеријата откако конечно ќе престане да работи, за да се утврди дека внатре нема некоја црна магија или нешто слично. Но, батеријата толку долго работи, што веќе се верува дека ќе не надживее сите.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.