Погледнете ја најчудната Месечина

НАСА објави слики од најнеобичниот сателит на Сатурн – Пан.

Фотографиите се забележени на 7-ми март оваа година за време на најблиското прелетување на сондата покрај месечината на само 24.500 километри. Според експертите на НАСА, сликите би требало да овозможат истражување на геологијата на месечината и за тоа како се создала оваа необична форма.

Месечината Пан е едан од 62-те досега идентификувани природни сателити на Сатурн, со дијаметар од околу 26 километри.

Според научниците оваа чудна форма на Пан е последица на т.н. екваторијален гребен, карактеристика што ја дели со уште една од сатурновите месечии-Атлас.

Овој чуден гребен околу екваторот на Пан, можно е да се издига неколку километри во височина и веројатно е составен од прашина која доаѓа од прстените на Сатурн, бидејќи овој сателит орбитира во внатрешноста на неговите прстени, велат научниците.

Сателитот за прв пат бил снимен од страна на Војаџер-2  во 1980-тите, но астрономите не го виделе на фотографиите до 1990. Неколку години подоцна фотографиите од Касини покажале дека се наоѓа во Сатурновиот А-прстен, во појас широк околу 320 километри, познат како Енкеова пукнатина. Името го добил по митолошкиот бог Пан.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt