На само неколку километри од Северниот пол, на арктичкиот остров Свалбард, се наоѓа врата која води во внатрешноста на една замрзната планина. Внатре, длабоко во мразот, е сместен трезорот за семиња што би требало да му овозможи на човештвото да преживее во случај на голема катастрофа.
Трезорот за семиња на Свалбард, познат уште и како „трезор за судниот ден“, содржи милиони семиња од целиот свет. Ова, со добра причина претставува најизолираното место, но во оваа епизода на „Veritasium“, водителот Дерек не води низ внатрешноста на овој леден простор.
Целта на создавањето на овој трезор за семиња е многу едноставна – да се сочуваат што поголем број на семиња, во случај Замјата во иднина да биде погодена од некоја голема катастрофа. И покрај називот „за судниот ден“, катастрофата не мора да биде од глобални размери – може да се работи од климатски промени па до суша, кои би можеле да остават некои делови од светот без средства да се прехранат.
Првото повлекување досега беше направено мината година од страна на истражувачите од Сирија, откако нивната банка за семиња беше уништена од бомбардирањата. Овие семиња потоа биле испратени во Мароко и Либан, каде ќе бидат засадени и ќе послужат за истражување на кој начин да се одгледуваат посеви во сушни региони.
Но, како изгледа внатрешноста на овој трезор и како може да бидеме сигурни дека нашите семиња таму ќе бидат заштитени? Како што објаснува Дерек, трезорот Свалбард е изграден во внатрешноста на арктичкиот лед, така што ќе остане на ледени температури од околу -5 степени Целзиусови уште 200 години, дури и без електрична енергија. Сега температурата се одржува на -18 степени Целзиусови.
Може да издржи земјотрес, вулканска ерупција и нуклеарна хаварија, а нејзината положба на планината значи дека секогаш ќе биде над морското ниво, дури и ако целиот мраз на Земјата се истопи.
Во внатрешноста се наоѓаат серија долги замрзнати ходници, а целиот простор изгледа прилично празно со исклучок на долги редици од кутии полни со семиња, меѓу кои и неколку ретро рачно изработени дрвени кутии од Северна Кореја.
Една од најинтересните работи на овој трезор е тоа што, иако се води како банка и единствено на депонентот му е дозволено да има пристап и да повлекува од семињата – целата содржина на трезорот е јавно достапна за проучување преку базата на податоци на интернет.
Погледнете го видеото и дознајте уште неколку интересни работи за „трезорот за судниот ден“.