Поради високите температури се стопи мразот во околината на глобалниот трезор за кој пишувавме пред околу пола година, и поплавен е влезот поради што се поставуваат прашања за сигурноста на се она што се наоѓа во него.
Големата подземна библиотека која е изградена на северот од Норвешка, е изградена како последна сламка за која може да се фати човештвото доколку не погоди некоја голема катастрофа и ги уништи посевите во светот, но неодамна токму овој трезор е поплавен, а водата влегла внатре.
Норвешките власти наведуваат дека водата по поплавата замрзнала и дека била отстранета, но дека сепак некои примероци биле оштетени.
Банката со светски семиња е изградена на архипелагот Свалбард, помеѓу копнениот дел на Норвешка и Северниот пол, а локацијата е одбрана поради мразот и стабилната тектоника. Скоро десет години подоцна, со идеални услови за чување на семиња, тие се загрозени поради дожд и отпаѓање на мраз во време кога се очекувало снег. Норвешките власти велат дека никако не ни замислувале дека временските услови ќе бидат вака екстремни.
Водата влегла низ влезот на градбата, но не во самиот трезор. Властите велат дека повеќето семиња се наоѓаат нешто подалеку од влезот, па 880.000 видови семиња се сигурни.
Со цел да бидат посигурни за идните поплави, експертите одлучиле да изградат додатни заштити од поплави. Покрај тоа ќе изградат додатни канали кои ке ја спроведуваат дождовницата на друго место. Во самиот трезор, каде што се наоѓаат семињата инсталирале додатни пумпи, во случај на евентуален продор.