Заедничката мисија на НАСА и Европската вселенска агенција „СОХО“ (Соларна и хелиосферична опсерваторија), во средата направи извонредна снимка на т.н. „сангрејзер“ комета. „Сангрејзинг“ се комети кои поминуваат екстремно блиску до површината на Соцето со брзина од околу 850.000 милји (1.367,942 km.)
Снимката беше објавена на Твитер.
Ако се погледне внимателно, може да се види како ледена топка експлодира во вид на огромен бран од прашина и гасови во моментот кога се приближува до Сонцето.
Според Карл Батамс кој ја води програмата за проучување на „сангрејзерите“ при Истражувачката лабораторија на американската морнарица, кометата патувала со брзина од над 300 милји во секунда (482 км во секунда) – што веројатно претставувало најбрзото тело во Сончевиот систем пред да го заврши својот живот, и била целосно уништена од Сонцето.
Тој додава дека според астрономот Метју Најт од Универзитетот во Мерленд, оваа комета спаѓа меѓу првите 10, а можеби и пет најсјајни тела забележени од страна на СОХО.
A very bright sungrazer comet imaged few hours ago by SOHO C2 (@esa/@NASA) coronagraph #comets #astronomy pic.twitter.com/5AKuFl8C8M
— Ernesto Guido (@comets77) August 4, 2016
Текстот е објавен во „Tech Insider“.
































