Чарлс Дарвин (12 февруари 1809 – 19 април 1882) е англиски природонаучник и зоолог кој се смета за татко на теоријата за еволуцијата. Се опишува како една од највлијателните фигури во човечката историја, бидејќи ги поставил основните сфаќања за потеклото на животот. Тој објаснува дека сите живи видови потекнуваат од еден заеднички предок и дека еволуцијата се случува преку процесот наречен природна селекција. Ова е засега доминантното научно објаснување за разновидноста на живиот свет.
Дарвин покажа дека сложеноста на животот и односите помеѓу формите на живот може да се појават и да преживеат од природните процеси. Тој го отвори човековиот ум кон природните науки, без влијание на натприродните предрасуди. Неговата теорија е толку револуционерна, што некои дури и денес се сомневаат во истата.
Историската книга „За потеклото на животот“ за прв пат беше објавена во 1859 година и ги воведе принципите за природна селекција и еволуција, кои драстично го сменија текот на научните откритија.
Денеска го славиме Меѓународниот ден на Дарвин, токму на неговиот роденден, 12 февруари, со цел да се прослави неговата работа и да се инспирираат луѓето насекаде низ светот да размислуваат и да дејствуваат според принципите на интелектуална храброст, постојана љубопитност, научно размислување и глад за вистината.