Половина од животните можат да изумрат до крајот на векот

Ситуацијата на животните во овој период е прилично мрачна. Се чини дека планетата изгуби околу половина од неговата флора и фауна во последните 40 години. Но доколку сте мислеле дака исчезнувањето на видовите не е нешто што треба да не загрижи, вие сте во голема заблуда. Биолозите сега најавуваат дека до крајот на векот, 50 проценти од видовите ќе се соочат со изчезнување.

Ова предвидување беше најавено со тоа што се собрале биолози, конзерватори и економисти на конференција во Ватикан на тема “Како да го зачувате природниот свет од кој зависиме.” Можеби ова изгледа малку чудно, и тоа дека Католичката црква е домаќин на еден ваков симпозиум, но папата Францис ја има заслугата за одговорноста на 1,2 милијарди римокатолици на планетата кои се насочени кон заштита на животната средина од уништување и климатските промени.

“Живите структури во светот, се лизгаат низ нашите прсти без да покажеме некое особно чувство на грижа”, пишува Pontifical Academy of Sciences, која ја организираше конференцијата.

Всушност, во текот на 2015 година во енцикличното писмо на папата, кое е испратено до сите епископи, папата споменува како уништувањето на средини во светот и менувањето на климата е

“грев против себе и грев против Бога”

во делот каде се акцентирани загадувањето и климатските промени.

Земјата, во текот на 3,7 милијарди години преброди пет големи настани на изумирање. Се чини дека следува шестиот кој не е предизвикан од климата или геолошката активност. Тој е предизвикан од нас. Стапката на смртност кај видовите е зголемена за помеѓу 1000 и 10.000 од природната со тоа што ги сечеме шумите, додаваме јаглерод во атмосферата, труеме трилиони риби по морињата и слично.

Биолозите потенцираат дека не само тигрите, пандите и слични животни, туку и обични микроорганизми, габи и растенија можат да бидат избришани од Земјата.

Научниците и установите алармантно апелираат до луѓето за совесно сечење на шумите и одржување на чиста животна средина.

enauka.mk
9,239наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.