Пред 33 години, односно во 1984та година, плажата во близина на селото Dooagh на ирскиот остров Achill, исчезнала после серија од неколку бури. Морето и ветровите потполно го испрале целиот нејзин песок, оставајќи зад себе многу камења.
Во меѓувреме стигнале неколку сосема нови генерации кои не се сеќаваат на таа песочна плажа за да разберат, како што кажуваат постарите, што поточно се случило оваа година.
Еден необјасниво висок и силен бран, откако се повлекол, зад себе оставил исто таква 300 метарска песочна плажа, каква што се сеќаваат исклучиво постарите жители на најзападниот ирски остров.
“Плажата беше целосно измиена, 1984та е последната година кога оваа плажа се наоѓаше тука” објаснува шефот за туризам на Achillu Sean Molloy.
Сопственикот на локалниот ресторан Алан Гаелти вели дека плажата била од голема важност за местото. “Нашето место е убаво какво што е, но уште поубаво е кога ќе погледнете и видите плажа наместо карпи. Откако луѓето знаат дека повторно постои плажата, имаме доста посетители од внатрешноста на земјата,” додава тој.
Островот Achill не е само изолирано место, сочувано од природата. Познат е и по тоа што таму во 50-тите и 60-тите години живеел анти-нацистичкиот германски писател Хајнрих Бел, познат нобеловец и еден од Германците во историјата на овој народ. Малата куќа во која тој некогаш живеел, денес е место за средби на писатели.