Прашокот за перење во капсули сериозна закана за малите деца

Над 700 деца биле хоспитализирани, а едно починало. Околу 13% од нив биле деца на 1 или 2- годишна возраст. Околу 80% од повиците вклучувале деца кои ги голтнале капсулите или течноста во нив. За среќа, половината од нив не биле сериозни.

„Ова е возраст кога децата се љубопитни и не чувствуваат опасност“, вели д-р Гери Смит, главен истражувач. „Децата може да мислат дека шарените капсули се бонбони или пак дека се полни со сок“.

Најчестите несакани последици вклучуваат повраќање, кашлање и гушење, иритација на очите или болка и замор. Сериозните последици вклучуваат кома, напади или изгореници во стомакот.

Научниците не можат со сигурност да кажат дека прашокот во капсули е помоќен отколку традиционалниот прашок, меѓутоа симптомите после изложувањето на капсулите се посериозни, објаснува Смит.

„Родителите треба да станат свесни за опасноста од прашокот во капсули, да го затворат пакувањето и да го тргнат подалеку од дофат на децата. Всушност, ако имаат мали деца, им препорачуваме да користат традиционален прашок“.

Прашокот за перење во капсули бил воведен на пазарот во САД во 2012 година. Капсулите содржат детергент кој се ослободува директно во машината, што значително ја олеснува работата на корисниците. Индустријата моментално работи на создавањето на нови пакувања кои нема да бидат опасни за децата, меѓутоа д-р Смит смета дека ниедно досегашно пакување не е навистина безбедно.

Поддржете ја нашата работа: