Претворање на морската вода во вода за пиење

Прочистувањето на нечистата вода е исклучително тежок и скап процес. Дури и во развиените земји, финансиските притисоци влијаат на изнаоѓањето на решенија за напливот на суши. Земјите во развој имаат многу помалку пари да се позанимаваат со таа проблематика, па поради тоа новоизмислениот и ултра-евтин процес на чистење на водата е неверојатно значаен.

Развиена од страна на тим на истражувачи од Универзитетот во Александрија во Египет, постапката користи техника за десалинација (отсолување) нареченa первапорација за отстранување на солта од морска вода. Специјално направени синтетички мембрани се користат за да ги филтрираат големите честички сол и нечистотии, а потоа остатокот се загрева, испарува и се кондензира во чиста вода.

Важно е дека мембраните може да се направат во која било лабораторија користејќи евтини материјали кои се достапни на локално ниво, а испарувачкиот дел од процесот не бара никаква електрична енергија. Ова значи дека новиот метод е евтин и погоден за области без редовно снабдување со електрична енергија – фактори кои се од големо значење за земјите во развој.

Техниката не само што ја отсолува морската вода, туку го отстранува и отпадот и нечистотијата. Истражувачите комбинираат експертиза од океанографијата, хемиски инженеринг, земјоделски инженеринг и биосистеми за да дојдат до решение, а нивната работа е објавена во списанието „Water Science and Technology“.

12810529643_3f25691463_b„Новата технологија е многу подобра од обратната осмоза која во моментов се користи во Египет и во најголем дел од земјите на Блискиот Исток и Северна Африка”, изјави Хелми Ел-Занфали, професор за загадување на водата во Националниот центар за истражување на Египет. Постоечките решенија не можат ефикасно да десилинираат вода со висока концентрација на сол како онаа на Црвеното Море. Се добива малку чиста вода за пиење, а чини многу.

За жал, треба да почекаме пред официјално да се започне со употреба на новиот изум. Тимот кој работи на проектот мора да изврши пилот тестирање со кое ќе ги докаже своите теории на голем примерок. Тука е и прашањето за тоа како да се справи со отпадот произведен од процесот.

Ако се се одвива според планираното, новата техника би можела да има огромно влијание врз животите на милиони луѓе – според „Water.org“, околу 750 милиони луѓе ширум светот немаат пристап до чиста вода за пиење, што резултира со 840.000 смртни случаи секоја година.

Поддржете ја нашата работа: