Во многу случаи, точната причина за оштетување на мозокот не е позната. Статистички, 1 во 278 деца, боледува од некој тип на церебрална парализа.
Долго време се тврдеше дека комликациите при раѓањето, најчесто недоволното количество на кислород, се причините за церебрална парализа. Денес, знаеме дека комликациите за време на раѓањето (перинатално) се причина кај само 10% од случаите. Всушност, сегашното мислење е дека најмалку 70% до 80% од случаите на церебрална парализа започнуваат пред раѓањето (пренатално). Некои започнуваат по раѓањето (постнатално), а многу случаи се резултат на комбинација од пренатални, перинатални и постнатални фактори.
Ризик-факторите поврзани со церебралната парализа ги вклучуваат следниве:
- Инфекција, епилепсија, нарушување на тироидната жлезда, и / или други здравствени проблеми кај мајката.
- Дефекти при раѓањето, особено оние кои влијаат на мозокот, ‘рбетниот мозок, главата, лицето, белите дробови или метаболизмот.
- некомпатибилност на „Rh фактор“ , разлика во крвта помеѓу мајката и фетусот, која може да предизвика оштетување на мозокот кај фетусот (За среќа, лесно се открива и лекува кај жените кои добиваат соодветна пренатална медицинска нега.)
- Одредени наследни и генетски услови
- Компликации за време на породувањето
- Предвремено раѓање
- Мала тежина на детето (особено ако има помалку од 1кг по породувањето)
- Тешка жолтица по раѓањето
- Раѓање на повеќе деца (близнаци, тројки)
- Недостаток на кислород (хипоксија) во мозокот пред, за време на, или по раѓањето
- Оштетување на мозокот рано во животот, поради инфекција (како што е менингитис), повреда на главата, недостаток на кислород или крварење.
Поддржете ја нашата работа: