Научниците откриле фосил од полжав, стар 99 милиони години, а овој праисториски примерок е пронајден во парче килибар во Мјанмар.
Не е прв пат да се пронаоѓаат фосилни остатоци во килибар, како на пример претходно оваа година беа пронајдени жаби во килибар, додека во 2016 година, остатоци од диносаурус.
Ова е можеби едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата, бидејќи во фосилниот облик е зачувано меко животинско ткиво, а ова е прв таков случај.
Од мекото ткиво, зачувани се главата, стопалата и роговите во парче килибар, стар 99 милиони години.
Иако примерокот е долг едвај 0,5 сантиметри, на научниците им пружа неверојатна видливост во животот на овие неприметливи суштества од времето на диносаурусите.
Професорката Лида Синг од кинескиот Универзитет за геологија во Пекинг нагласи дека роговите и едно око на полжавот се зачувани недопрени од времето во парчето килибар.