Пронајдена „Ахиловата пета“ на маларијата

Над 200 милиони луѓе се заразуваат со маларија секоја година, а паразитот којшто ја предизвикува е отпорен на повеќето лекови кои во моментов се достапни.

Оваа студија, објавена во „PNAS“, покажува дека маларијата има своја „Ахилова пета“ и опишува начини за уништување на паразитите.

Новите молекули ја блокираат молекуларната пумпа на сол на површината на паразитот, со што тој се полни со сол. Ова го има истиот ефект како внесувањето на вода во паразитот, со што тој ќе отече и ќе пукне.

Иако создавањето на лек од новите соедниненија е сложен и долг процес, научниците се оптимисти и сметаат дека овие откритија ќе доведат до нов третман на маларијата.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt