Научниците во потрага по средство против маларија откриле печурка која за 45 дена ја намалува популацијата на комарците за 99%.
Истражувачите од Универзитетот Мериленд во САД и истражувачкиот институт IRSS, откриле генетски модифицирана печурка – (Metarhizium pingshaense), која убива комарци кои шират маларија – (Anopheles).
Целта на пронајдокот е борбата против маларија, која на годишно ниво убива до 400 000 луѓе, а не изумирање на инсектот – истакнуваат пронаоѓачите.
На основа на лабораториски тестови, печурката покажала посилно дејство доколку е засилена со отров, а научниците се одлучиле за отров пронајден во видот на австалиски пајаци.
Во Буркина Фасо е отворено вештачко село на површина од 6.500 метри квадратни со растенија, колби, вода и храна за комарци. Заштитено е со двоен слој на мрежа против овие инсекти.
Во експериментот се вклучени 1.500 комарци, а за само 45 дена останале само 13, што не е доволно за нивна репродукција.
Тестовите покажуваат дека печурката е специфична само за комарци, а на други инсекти, како на пример пчелите не делува.
Во борбата против маларија неопходни се нови методи поради тоа што комарците стануваат поотпорни на инсектициди. СЗО укажува на растечки број на случаи заболени од маларија, особено во Африка.