Употреба на паста за заби како средство против маларија

Со малку помош од вештачката интелигенција, поточно роботот Ева, британските научници установиле дека една вообичаена состојка на пастата за заби може да се искористи за развој на лек кој ќе биде ефикасен во спречување на вирусот на маларија, кој е отпорен на досегашните лекови.

На Универзитетот во Кембриџ, британските научници со помош на роботот Ева, спровеле скрининг со цел да установат како триклосанот, супстанцата која се наоѓа во пастата за заби сокрива потенцијал за прекин на развојот на инфекцијата со маларија дури во нејзините критични фази – во крвта и на црниот дроб.

Последиците од оваа тешка болест не успеваат да ги преживеат околу половина милион луѓе во светот, а повеќето починати се деца од најсиромашните африкански земји.

Маларијата може да се лекува со голем број различни лекови, но со текот на годините отпорноста на инфекцијата зајакнува, па така во блиска иднина може да се случи да неделува ниту еден лек.

Токму поради таквата причина, научниците уште еднаш се ангажираа за откривање на нови решенија, стои во исказите на Стив Оливера од одделот за биохемија при Универзитетот во Кембриџ, кој е лидер на оваа студија во соработка со колешката Елизабет Билсленд.

Откако го префрлиле паразитот на маларија во нов домаќин со помош на убод од комарец, тој успешно се проширил по црниот дроб. Таму созреал и се размножил. Потоа се проширил по црвените крвни клетки, а набргу по целиот организам, предизвикувајќи треска и компликации кои се опасни по живот.

Научниците и претходно знаеле дека триклосанот може да го блокира растот на паразитот во крвта и дејството на ENR ензимот кој е вклучен во производството на масните киселини.

Триклосанот како состојка на пастата за заби помага во спречување на порастот на забниот плак. Тимот на Д-р. Билсленд во последната студија потврдува дека триклосанот успешно го блокира делувањето на еден ензим кој инаку се наоѓа во клетките на паразитот.

Тие докажаа дека триклосанот ефективно делува на тој ензим, дури и кај паразити отпорни на антималаричен приметамин.

“Откритието, чии наоди се објавени во списанието Scientific Reports, сугерира дека можеме да произведеме нов ефективен антималаричен лек со помош на триклосан”, вели Елизабет Билсленд.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.