Пронајдена кула направена од човечки черепи во Мексико

Археолозите пронашле повеќе од 675 черепи обложени во вар, и илјадници фрагменти во цилиндрична градба во близина на местото на Темпло Мајор, еден од главните храмови во главниот град на Ацтеките Тенохтитлан, кој подоцна стана Мексико Сити.

Во оваа област, после повеќе од 18 месеци поминати во истражувања, пронајдена е кула, изградена од човечки черепи.

Археолозите сметаат дека станува збор за структурата Huey Tzompantli, која претставува низа на черепи која предизвикувала голем страв кај шпанските конквистадори додека го заземаа градот под Хернан Кортес.

Во историјата е запишано дека черепите се нанижани, како производ од черепи на мртви војници, од страна на Ацтеките. Научниците досега сепак верувале дека черепите на овие структури им припаѓаат само на мртви мажи.

“Очекувавме само черепи на мажи, не мислевме дека жените и децата војувале во тоа време. Ова е досега прво и незабележано вакво откритие”, вели биолошкиот антрополог кој ја испитувал студијата, Родриго Боланос.

Според Ацтеките, кулата се наоѓа на аголот на параклисот на Huitzilopochtli, на околу шест метри во дијаметар. Нејзината база допрва треба да биде откопана и детално истражена.

Поддржете ја нашата работа: