Пронајдена мумија на египетски свештеник стара 2500 години

На древните гробишта јужно од Каиро, во еден од трите запечатени саркофази е пронајдена мумија на висок свештеник, стара 2.500 години.

Египтологот Захи Хавас и неговиот тим отвориле три запечатени сакрофази. Во еден од нив се наоѓала добро сочувана мумија од моќен свештеник, замотан во лан, со златна статуа од божицата Изида.

Во останатите сакрофази тимот пронашол женска мумија украсена со сини бисери и татко во семејна гробница.

Пронајдокот е откриен во живо на каналот “Discovery”.

Тимот на гробиштата во Мињ исто така пронашол ретка восочна глава. Археолозите го откриле локалитетот пред една и пол година, а ископувањата продолжуваат.

“Навистина верувам дека овој локалитет треба да се пребарува уште најмалку 50 години”, рекол Хавас, еден ден пред отворањето на саркофагот.

Хаваш потсетил дека во 1927-ма година на тоа подрачје бил пронајден огромен саркофаг кој бил сместен во Египетскиот музеј во Каиро, но дека локалитетот потоа бил заборавен.

Меѓутоа, пред две години, неовластен копач бил забележан на локалитетот, што било знак за археолозите и ископувањето почнало, објаснува Хавас.

 

 

 

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.