Во Египет откриена приватна гробница, стара 4.400 години

Египет го објави откритието на гробницата на високиот функционер од Петтата династија, чии фараони владееле пред околу 4,400 години.

Министерот за антиквитети Халед ал-Анани го откри местото на гробницата, во Сакари, каде што се наоѓа познатата Скалеста пирамида.

Според неговите зборови, во исклучително добра состојба во гробницата се наоѓаат бројни сатуи во различни големини и бои.

Египет во последните години ги промовира новите археолошки откритија по странските медиуми за да привлече повеќе посетители. Важниот туристички сектор претрпе огромна штета после тамошната политичка нестабилност после 2011 година.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt