Пронајдена желката од Галапагос за која се мислеше дека е изумрен вид

Живиот примерок на џиновска желка, вид за кој се сметаше дека е изумрен пред повеќе од 110 години, е пронајден на Галапагос – соопшти тамошниот министер за животна средина, Марсело Мата.

Во соопштението се наведува дека една возрасна женка од видот (Chelonoidis phantasticus) е пронајдена на зафрлен дел од островот Фернандина при текот на експедиција организиран од страна на Националниот парк во Галапагос.

Оваа желка се смета за ендемски вид на Фернандини, ненаселениот остров на Галапагос.

Истражувачите забележале и траги и измет што ги навело да помислат дека на островот има и други желки од овој вид. Можностите за размножување на желките ги израдуваа експертите, кои велат дека женките можат многу долго време да ја складираат спермата.

Видот се смета за критично загрозен бидејќи експертите мислат дека овие суштества страдаат од лавата на овој вулкански остров.

Желките од Галапагос својата долговечност и ја должат на својата генетска способност да ја “поправаат” својата ДНК, наведуваат научниците.

Поддржете ја нашата работа: