Неверојатно е тоа што се’ може да се купи на странските пазари на храна. На пример, на пазарот во Папуа Нова Гвинеја, еден човек неодамна забележал дека продаваат живи џиновски морски желки.
Арон Калинг и неговиот соработник Марк купиле 2 за 50 долари и наместо да ги зготват, направиле нешто неверојатно – ги пуштиле назад во морето, каде што и припаѓаат.
„Ги најдов на локалниот пазар“ напишал Арон на својот профил на Фејсбук. „Ги купив за 50 долари, возев 5 километри и ги пуштив“. Арон и неговиот колега досега спасиле околу 10 желки.
Во светот има седум видови на морски желки и речиси сите од нив се загрозени, бидејќи ловењето на желки во повеќето области е законско. Се чини дека ни требаат повеќе вакви херои.
Поддржете ја нашата работа: