Научниците од Универзитетот во Ноксвил, Тенеси откриле еден вид на змија – кубанска боа, која лови во групи, со цел да ги зголеми шансите за улов на пленот.
За прв пат научниците виделе влекачи во координиран лов, а авторот на истражувањето Владимир Динетс пишува дека, змиите доаѓаат до отворот на некоја пештера каде ловат лилјаци пред да се стемни. Секоја змија од групата се поставува така што ги зголемува шансите за заедничко ловење на пленот до максимум.
“Змиите кои доаѓаат до отворот на пештерите, често оделе на места каде некогаш таму имало други змии, за да направат ограда преку отворот и да го уловат пленот”. Овие змии исто така фаќаат лилјаци додека висат на таванот.
“Координираниот лов бара висока сложеност на однесување, бидејќи секое животно треба да разгледа што прават другите единки”, пишува Динетс и додава дека некои претходни истражувања покажале дека заедничкиот лов може да претставува еден вид на социјална активност, бидејќи не е неопходно да се зголеми внесот на храна за сите поединци.
Повремено се забележувани змии кои се обидуваат да уловат ист плен, како што беше случај со неверојатното видео на кое се прикажани мали игуани на Галапагос.
Погледнете го видеото