Пронајдени детски остатоци стари 11 000 години

Местото на ископување и неговите артефакти обезбедуваат нов увид во погребалните практики и други ретко сочувани аспекти на животот на луѓето кои ја населувале оваа област пред илјадници години, вели Бен Потер, истражувач на Универзитетот во Алјаска и главен автор на студијата.

Потер го предводел истражувачкиот тим што ги ископал овие остатоци во близина на реката Танана во централна Алјаска. При истражувањето тие соработувале со локалните и регионалните племенски организации, а биле финансирани од Националната Научна Фондација.

Истражувачите сметаат дека човечките остатоци, заедно со погребалните ритуали, како и времето кога децата умреле и биле закопани, може да доведат до нови податоци за начинот на кој раните општества функционирале, стресот со кој се соочувале додека се труделе да преживеат, како се однесувале со најмладите членови и како гледале на смртта и важноста на погребалните ритуали.

Остатоците биле пронајдени на истото место каде што во 2010 година биле пронајдени остатоци од три-годишно дете, заедно со обликувани декорирани шилести камења кои всушност претставуваат еден од најстарите примери на оружје, со што се потврдуваат сложените ритуали поврзани со смртта кај раните жители во Северна Америка.

Истражувачите исто така испитувале и остатоци од коски и заби за да ја утврдат возраста и полот на децата за време на смртта. Едното дете живеело само неколу недели, додека другото починало во матката. Присуството на три смртни случаи во рамките на една група укажува на недостаток на ресурси, како на пр. храна.

Овие пронајдоци може да помогнат да се изгради комплетна слика за раните човекови општества, нивната структура и начинот на кој ги преживеале климатските промени на крајот на Леденото Доба, со оглед на тоа што тие немале пишан јазик.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и да поттикнат нови идеи и критичко размислувањекај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме ви однапред благодарни!

 

Поддржете ја нашата работа: