Пронајдени фосили стари 1.6 милиони години

Фосилите кои се пронајдени во Индија се стари 1.6 милијарди години и наликуваат на црвени алги. Научниците велат дека тие можат да бидат најстарите растенија на светот и мислат дека поради ова откритие веројатно ќе мораат да го изменат времето на појавата на живот на Земјата.

Научниците во вторникот, тие мали повеќеклеточни фосили ги опишаа како два вида на црвени алги, кои живееле во плитките води заедно со бактериите.

Досега за најстари билки на Земјата се сметале фосилите на црвени алги, пронајдени на Канадскиот Арктик, стари 1.2 милијарди години.

Експертите велат дека обликот на фосили одговара на црвеното растение, кое е примитивно и денес може да се најде на коралните гребени. Еден нејзин облик, познат како Нори, е вообичаена состојка на сушито.

“Суши можело да се прави и пред пред 1,6 милијарди години”, се пошегува Тереза Салстед, геобиолог од Шведскиот Природонаучен музеј која ја предводела студијата објавена во списанието PLoS Biology.

Земјата настанала пред околу 4.5 милијарди години. Докаите упатуваат на тоа дека животот се појавил во облик на морска бактерија пред околу 3.7 до 4.2 милијарди години, додека многу подоцна во праисториските мориња се појавиле растенија а подоцна животни.

Фосилите се пронајдени во седимнтните карпи богати со фосфати во Chitrakoot, средишниот дел на Индија. Овие антички остатоци содржат интрацелуларни структури кои можеби биле делови од механизмот на фотосинтеза, процес при кој растенијата ја претвораат сончевата светлина во хемиска енергија.

Нуспојавата од фотосинтезата е кислородот, па појавата на растенијата помогнала во создавање на кислород во атмосферата без кој не е возможен животот на Земјата.