Utricularia juncea – Најбрзиот убиец помеѓу растенијата

Без оглед на тоа дали расте на некое тенко стебленце или слободно плови плови по површината на водата, наизглед безопасната Utricularia juncea би можела секого со леснотија да го излаже.

Станува збор за месојадната убавица, позната по најбрзиот механизам за ловење во целото растително кралство, која на несреќниот плен не му остава ни најмала шанса за преживот.

Новата студија која го анализирала однесувањето на месојадното растение Utricularie junceae, открива како ова неверојатно растение може да собере инсекти во својата “уста” со брзина и до четири метри во секунда.

Ова е растение познато по тоа што јаде се, од водни болви до најмали риби, па дури и полноглавци. Овие растенија се опремени со пијавки од кои секоја е затворена со врати околу кои се наоѓаат влакненца кои служат како предизвикувачи.

Со цел подобро да се разберат процесите кои се случуваат откако “стапицата” ќе се активира, еден тим на научници од Универзитетот во Фрајбург, користеле камери за да ја снимат интеракцијата помеѓу Utricularie junceae и неговиот природен плен – водната болва Ceriodaphnia dubia.

Научниците ја ставиле водната болва во комора за тестирање заедно со растението, а притоа успеале да снимат лов во 14 чекори:

Откако инсектот ќе го активира системот, вратите кај растението се отвараат и пуштаат вода. Истовремено доаѓа до вшмукување, што создава критичен негативен притисок, поради што несреќното суштество умира поради недостаток на кислород. Растението натаму го вари својот улов.

Кога водните болви стапат во контакт сп влакненцата, снимката покажува како стапицата нагло се отвора кон внатре, а потоа брзо се затвора. Научниците откриле дека откако пленот ќе биде уловен, останува неподвижен.

“Процесот се случува толку брзо што уловеното животно нема никакви изгледи да се ослободи”, се вели во истражувањето.

Експерименталните снимки покажуваат дека влакненцата кои служат како предизвикувачи се во состојба да издржат силен притисок поради виткање, што уште повеќе го нагласува отпорот на ова неверојатно растение.

Поддржете ја нашата работа: