Пронајдени се две писма на Никола Тесла, за кои се мислило дека се избгубени. Писмата се адресирани до Радој Јанковиќ, генералниот конзул на Кралството Југославија во Њујорк.
Во двете писма Тесла пишува за Михајло Пупин, неговата болест и дека сака да го посети во болница, а истите се пронајдени пред неколку дена и со голем напор откупени од музеј на едно здружение, благодарение на Виктор, Бранислав и Горица Лазиќ како и Александра Нинковиќ Тасиќ, Милош Јанковиќ и списанието Неделник.
Овие артефакти се од исклучително значење за србската култура, пишувани се со јасно кирилично писмо, а од нив се гледа многу близок меѓусебен однос на Тесла и Пупин.
Писмата на повеќе начини ја менуваат познатата историја на односот помеѓу овие двајца научници и ја потврдуваат нивната блискост, додека во целост се демантира приказната за помирувањето на смртната посетал на Пупин, бидејќи е очигледно, дека во моментот на пишување на писмата, три месеци пред смртта на Пупин, конфликтот помеѓу нив двајца воопшто не постоел, туку сакале да се сретнат што побрзо.
Писмата ќе бидат достапни за истражувачите во просториите на „Адлигат“ од понеделник, а здружението очекува помош од надлежните институции на нивната конзервација и заштита.