Станува збор за осум добро сочувани цртежи на коњи, елени и бизони направени од страна на примитивните луѓе од пред 22 до 15 илјади години.
Пештерата “Erlayts” е во близина на пештерата “Ekayn”, која се смета за вистински музеј на слики на старите народи, како и неколку други пештери со петроглифи, па научниците не ја исклучуваат можноста за нови откритија во оваа област.
И ако додадеме дека тука се пронајдени останките на претходниците на неандерталците, како и работилница за изработка на камени алатки, јасно е провинцијата Гипускоа гордо го носи епитетот „лабораторија за проучување на животот на луѓето од минатото“.
Поддржете ја нашата работа: