Израелски истражувачи ја открија најголемата солена пештера во светот, со должина од 10 километри. Станува збор за пештерата Малхам, лоцирана во планината Содом, недалеку од бреговите на Мртвото море.
Истражувачите ја испитуваа последниве две години, утврдувајќи дека нејзината старост е околу 7.000 години. Интересно е што во близина на пештерата се наоѓа и местото на кое, според Библијата, жената на Лот била претворена во столб од сол.
Досега рекордот за најголема солена пештера го држеше пештерата 3N, во Иран.
Поддржете ја нашата работа: