Прв конкретен доказ дека европскиот супервулкан наскоро ќе еруптира

Супервулканот Кампи Флегреи во Италија нема еруптирано од 1538ма година, но научниците предупредуваат дека вулканот се приближува до критична точка на повторно будење.

Научниците пронашле прв директен доказ дека топлата зона го храни супервулканот. Иако сеуште не се сигурни што конкретно значи во однос на скалата на идната ерупција, велат дека нема сомнеж дека вулканот станува се поопасен.

Кампи Флегреи е името на вулканот во близина на Неапол, кој беше релативно тивок и мирен уште од осумдесеттите години, кога приливот на магма или некои други течности во плитките делови од вулканот предизвика серија помали земјотреси.

Научниците од Универзитетот Абердин успеале точно да ја одредат локацијата на зоната во која жешкиот материјал се издигнува за да го нахрани вулканскиот котел. Ова истражување има создадено основа со која ќе биде полесно да се предвиди каде и кога ќе се случи идната ерупција.

“Едно од прашањата што ги збуни научниците е магмата под котелот, а нашата студија ги понуди првите докази за постоење на топла зона под градот Поцоли, која се протега дури под морето на длабочина од четири километри”, вели д-р Лука де Сиена, главен автор на студијата.

Студијата сугерира дека во 80-тите излегувањето на магмата на површина спречила формација на карпите, длабока 1 до 2 км, која ја приморала да го ослободи стресот странично.

Иако импликациите сè уште не се целосно разбрани, релативно ниската количина на сеизмичка активност во таа област од 80-тите значи дека притисокот се трупа во внатрешноста на котелот, што ја прави ситуацијата поопасна.

“Без оглед на тоа што ја произвело сеизмичката активност под Поцули, пред околу триесет години, заминало некаде на друго место, па така опасноста веќе не лежи на истото место, туку може да биде многу поблиску до Неапол, кој е многу погусто населен.

Големото прашање на кое мораме сега да одговориме е, дали станува збор за голема количина на магма која излегува на површината, или за нешто друго помалку страшно”, вели д-р. Де Сиена.

Супервулканот Кампи Флегреи покрива повеќе од 100 квадратни километри западно од Неапол. Научниците предвидуваат дека доколку денес дојде до ерупција, ќе бидат погодени 360 000 лица кои живеат над вулканскиот котел, како и жителите на Неапол, кои се речиси еден милион.

Поддржете ја нашата работа: