Првата диода од една молекула

Оваа идеја беше зачната уште пред 40 години. Биле направени и неколку прототипови во минатото. Но, научниците од Универзитетот Колумбија, сега создадоа диода која ги остави далеку зад себе сите претходни обиди.

Диодата може да ја трансформира наизменичната струја во еднонасочна, со ефикасност за 50 пати поголема од останатите. Овој процес се нарекува „ректификација“.

Да се создаде ваков вид на селективен уред изгледа како тежок предизвик, но истражувачите го решиле проблемот со тоа што ја направиле молекулата асиметрична. Ова значи дека кога струјата тече во еден правец се соочува со услови различни од тие кога се обидува да тече во обратен правец. Ова создава ефективни мали диоди.

Научниците успеале да ја создадат оваа асиметрична молекула, која е поефикасна од претходните, на тој начин што ја потопиле едната половина од молекулата во јонски раствор – со што различните средини околу двете половини од молекулата ја овозможуваат асиметријата. За да ја зголемат асиметријата, контактите од злато што ја поврзуваат диодата со останатиот дел од струјното коло се направени со различна големина. Научниците ќе продолжат да тестираат и други молекуларни системи за да ја направат диодата уште поефикасна.

Истражувањето е опишано во списанието „Nature Nanotechnology“.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt