Првата половина од 2015 година е најтопла досега

Националната океанска и атмосферска администрација пресмета дека просечната температура во јуни достигнала 16,33 степени Целзиусови, со што го надмина претходниот рекорд од минатата година од 12 степени Целзиусови. Ова е прв пат рекродната просечна температура да се надмине за толку многу степени. А ситуацијата е подраматична бидејќи само половина година е земена предвид.

 

Претходниот рекорд за најтопли 6 месеци бил поставен во 2010 година, кога за последен пат имаше Ел Нињо- загревање на цетралниот Пацифик што влијае на времето низ целиот свет. Научниците предвидуваат дека оваа година ќе има уште посилен Ел Нињо.

Јуни беше топол речиси насекаде низ светот, со исклучителна топлина во Шпанија, Австрија, делови од Азија, Австралија и Јужна Америка. Во јужен Пакистан имаше топлотен бран кој усмрти повеќе од 1.200 лица, што според меѓународната база на податоци е осмиот најсмртоносен бран во светот од 1900-тата година. Во мај, топлотниот бран во Индија зема повеќе од 2.000 жртви и беше рангиран како петтиот најсмртоносен во историјата.

И мај и март оваа година исто така срушија рекорди за најтопли месеци кои се однесуваат на последниве 136 години. Рекордите за најтопол месец се срушени 25 пати од 2000-та година, а рекордите за најладен не се надминати уште од 1916 година. Вака изгледа антропогеното глобално затоплување, се потопло и потопло, велат научниците.

Поддржете ја нашата работа: