Првото момче со трансплантација на двете раце

Зион го поминал поголемиот дел од животот без дланките и стопалата. Кога имал две години, докторите му ги ампутирале екстремитетите поради гангрена предизвикана од инфекција.

Трансплантацијата била извршена во Детската болница во Филаделфија. Операцијата траела околу 10 часа и била изведена од 40 доктори, медицински сестри и друг медицински персонал.

Докторите сметале дека Зион е одличен кандидат за оперцијата бидејќи веќе користел имуносупресивни средства поради претходна трансплантација на бубрег.

Во извештајот издаден од болницата каде се објаснува процедурта се вели:

За време на операцијата, дланките и подлактиците од донорот се прицврстени преку поврзување на коските, крвните садови, нервите, мускулите, тетивите и кожата. Хирушкиот тим беше поделен во четири тима од кои два беа фокусирани на екстремитетите од донорот , а два на примателот. Прво, коските од подлактицата – радиус и улна, беа прицврстени со челични плочки и завртки. Потоа, со помош на микровскуларни хирушки техники беа поврзани артериите и вените. Откако низ поврзаните крвни садови се воспостави проток на крв, хирурзите поединечно ги поврзаа сите мускули и тетиви. Хирурзите потоа ги поврзаа нервите и ја затворија раната“.

На Зион сега му претстои долг период на рехабилитација. Треба да развие нови вештини за координација и да чека да се регенерираат нервите за да му се обноват сетилата. Тој процес може да трае две години.

Зион вели дека се надева дека еден ден ќе може да свири гитара, а можеби и да стане доктор. Најмногу се радува што ќе може да ја држи својата мала сестричка.

Поддржете ја нашата работа: