Првата трансплантација на две дланаки кај дете прогласена за успешна

После речиси 11 часови операција во која учествувале четири медицински тимови, малиот Зион Харви влезе во историјата на медицината. На свои осум години, тој стана првото дете во светот на кое му беа трансплантирани двете  дланки.(енаука.мк. „Првото момче со трансплантација на двете раце)

Две години по инервенцијата, момчето од Балтимот, Мериленд ужива во независноста што му ја овозможуваат неговите нови раце. Во извештајот за пионерскиот третман на Зион,  експертите што биле вклучени ја прогласија операцијата за успешна и велат дека од стекнатото знаење корист ќе имаат и други деца.

На Зион му биле ампутирани дланките и стопалата кога имал две години, бидејќи добил сепса. Шест години тој користел специјална опрема за да може самиот да се облекува, да се мие и да се храни, сѐ додека оваа трансплантација не му го променила животот.

„Осумнаесет месеци после операцијата детето ги надмина своите претходни адаптивни способност. Сега тој може да јаде, да пишува, да се облекува многу понезависно и поефикасно отколу пред операцијата“– пишува тимот од Детската болница во Филаделфија во својот извештај објавен во списанието „Lancet Child and Adolescent Health“.

Трансплантацијата на органите е рзична со оглед на тоа дека телото може да го отфрли пресадениот дел, но и лековите кои се земаат за да го спречат тој процес носат одреден ризик. Сепак, Зион кој сега има 10 години, добро се чувствува.

Само осум месеци после операцијата Зион можел да користи ножици и да црта со боички, а една година подоцна тој може да замавне со бејсбол палка со двете раце – тој дури ја фрлил и првата топка на натпреварот на  тимот „Baltimore Orioles“.

Доктор Скот Левин, водач на хируршкиот тим при операцијата на Зион, за храброста на малиот пациент вели: „Никогаш не сум го видел Зион да плаче.Никогаш не сум го видел да се противи на терапијата. Тој има таква храброст и одлучност што претставува инспирација за сите нас“.

Сепак, во изминатите две години Зион се соочил со бројни  ментални и физички предизвци. Тој поминал огромен број физиотерапии, со цел да му помогнат да се прилагоди, како и советувања со психолог.

Според лекарите од операцјата Зион поминал низ осум состојби на отфрлање на рацете, од кои две многу сериозни епизоди во текот на четвртиот и седмиот месец по трансплантацијата. Сите тие биле надминати со имуносупресивни лекови, без тоа да има влијание на функцијата на дланките.

Тој сѐ уште зема четири различни имуносупресивни лекови за да може телото да продолжи да ги толерира неговите нови дланки, но докторите се надеваат дека наскоро ќе ја редуцираат дозата.

Сепак, во придружниот комента Др. Марко Ланзета, италијански експерт по трансплантациона хирургија, изразува сомнеж дека многу деца би можеле да издржат слична постапка и ги нагласува ризиците од долгогодишната ушпотреба на имуносупресивни лекови. Зион претставува исклучок, затоа што тој веќе примал имуносупресивни лекови, бидејќи примил бубрег од неговата мајка. Тој додава дека протетските екстремитети сега се толу развиени што поверојатно е тие  во иднина да бидат решение за децата како Зион, наместо сложените операции за трансплантација.

Подолу може да го погледнете краткиот документарен филм од Детската болница во Филаделфија, за напредокот на Зион во првата година по трансплантацијата.

Поддржете ја нашата работа: