Пцуењето ја зголемува силата и отпорноста на болка

Научниците од Кил Универзитетот спровеле два експерименти со цел да пронајдат на кој начин пцуењето влијае на силата.

Резултатите до кои дошле биле доста иненадувачки. Според нив, пцуењето има позитивни ефекти и може да им помогне на луѓето при големи напори. Со помош на пцуење, може да се зголеми физичката сила и отпорноста на болка.

Во првото испитување биле вклучени 29 испитаници кои биле подложени на анаеробно тестирање. Направиле краток, интензивен тренинг на статичен велосипед, а научниците проучувале што се случува кога употребувале пцовки и кога вежбале без пцуење.

Во вториот експеримент биле вклучени 52 испитаници врз кои е спроведено изометрично тестирање на силата на стисокот на раката откако испитаниците кажувале пцовки и после периодот после пцуење.

Резултатите од првиот експеримент покажале дека испитаниците имале повеќе сила откако ќе кажеле пцовка, а од вториот експеримент имале посилен стисок на раката. Лидерот на студијата, Д-р. Ричард Стивенс вели дека од порано е познато дека пцуењето ја зголемува толеранцијата на болка. Според мислењето на научниците, пцуењето може да влијае на нервниот систем на телото, истиот состав поради кој се побрзи отчукувањата на срцето кога се наоѓаме во опасност.

Во една студија, која е спроведена во 2014та година е откриено дека немора да значи дека луѓето кои пцујат се мрзливи и необразовани. Напротив, тие можат да бидат многу интелигентни и успешни.

Иако во оваа студија е откриено дека пцуењето ја зголемува физичката сила и отпорност на болка, научниците сеуште не успеале да откријат зошто тоа се случува и какви процеси се случуваат во нашиот нервен систем, и затоа планираат поголеми истражувања.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt